истекување (имн.) - на (предл.)

Или и ова се само знаци и потврда за неконтролираното истекување на горивото. Токму така!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа појде и се врати пред истекувањето на времето на визата, со голема болка во душата која тајум ја носеше до крајот на животот, без да ја разбереме вистинската причина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој Јонче тетовецот заклучил дека она за другарот а и за горивото за мене се однесува. Треба да се провери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јован ми рече, оној Јонче од тетовско, божем слушнал како Богдан од Комитетот рекол: „Оставете го другарон, почна да му истекува горивото!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)