искуство (имн.) - дека (сврз.)

Во овој случај, индикативно е тоа што речиси сите изгубени спорови т.е. негативни пресуди, и покрај немањето правни аргументи, се обжалуваат од страна на претставници на државните институции, при што се трошат големи суми буџетски средства („народни пари“) на име судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За крај, тој истакнува дека она што го има здобиено е искуството дека човек треба да е бори за своите права, па колку и минорни да биле кршењата на истите. 1.  Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 27.II.2011, во Кратово.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој со палтото вршеше секакви домашни работи, но внимаваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека Климент Камилски чекореше крај кутиите на букинистите, упатувајќи се кон местата каде што во младоста најчесто запирал и купувал книги, помислуваше и си се уверуваше со сопственото искуство дека во животот има две работи кои можат силно да влијаат на промената на човекот: големата љубов и читањето на големите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го прескокнав нејзиното лошо искуство дека со толку принципиелен човек, емотивец како мене нема да успее.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знаеше од искуство дека онаму каде што сѐ изгледа дека ќе помине со лесно, на крајот може да се искомпликува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми се нудеше можноста да го потврдам или оспорам, не без мал ризик, татковото искуство дека од егзил не постои вистинското враќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На жените, затоа, може да им личи дека машката геј-култура се усојузила со машката стрејт-култура во оцрнувањето на жените; може да им изгледа дека го зајакнува омаловажувањето и обезвреднувањето на жените, било имплицитното, било експлицитното, кое им е типично на патријархалните општества и на културните ставови што тие ги крепат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На самите жени, пак, искуството дека се жени можеби и не им е секогаш многу-многу иронично, а камоли начисто урнебесно, иако и тоа како може да имаат желба или потреба, одвреме-навреме, да се тргнат од него и да се оградат од неговите општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)