искуство (имн.) - бев (гл.)

Се договорија, според претходната шема, Камилски да избере пет збора со негативна, а Татко со позитивна конотација, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе стигнат до крајот на мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прва карактеристика на тие искуства беше некаков тип на психијатриска емпатија со оние кои сочувствуваат, без оглед дали сочувствувањето е изразено или не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓу другото, и поради тоа што ми беше вторпат, по многу години кога искуството беше многу поинакво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И двајцата по првото искуство беа согласни дека ако продолжат, на секоја заемка османизам да ѝ го посветуваат истото време, тогаш ќе им бидат потребни години за да ја приведат работата кон својот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)