искра (имн.) - надеж (имн.)

И веќе знаевме дека од таму се влечеа други камиони полни со ранети и ние пак застанати скраја од џадето, ги чекавме со искра надеж која ни ја поткрепуваше добрата мисла дека нешто ќе слушнеме за нашите најмили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мала искра надеж ѝ се јави во срцето, дека не му е сеедно за сè ова што се случи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во очите на Томо заигра една искра надеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тое е единствената можна искра надеж. Во овој метеж.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Меѓу сите ѕвезди во ноќта зрачиш како искра надеж.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Дури по неколку месеци искра надеж ѝ влеа телефонскиот повик на нејзиниот пријател.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во Наташа се разбуди искра надеж: дојде до некаков контакт, некое разбирање; но сето тоа се беше случило само во човечкиот дел од свеста на старецот, оној што исчезнуваше; само оттаму допре тој кревок знак: „не сум јас“; а внатре... внатре... во длабочината на неговата сегашна душа, тој знаеше што е со неговото „јас“; тоа стана трепет од непостоење и цицање крв. 74 okno.mk Поради тоа неговите зборови не го променија неговото однесување; изговорувајќи ги, тој неумоливо се приближуваше до ќерка си... и се впи во неа: Наташа ја загуби свеста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но стигна уште и да каже: „Јас тука ништо не можам“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)