искра (имн.) - кој (зам.)

Ниту во очите на Виктор, ниту во очите на Ивона немаше искра која обично мами кон сочен бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знам дали беше оган Доне Совичанов... можеби искра која се претвори во ова големо дете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Искрите кои секогаш беа присутни меѓу нејзе и Рада, наместо да се претворат во оган, сосема исчезнаа. За Рада ова како да беше олеснување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)