информација (имн.) - бил (гл.)

На 24 март 1941 година "Вашингтон пост" ја пренел информацијата за започнатите демонстрации во Македонија, каде што, како што се истакнало, "неколку илјади Јужни Срби и Македонци демонстрирале во Скопје, пеејќи македонски револуционерни песни и извикувајќи српски и македонски пароли".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие информации биле оскудни, но сепак укажале дека и во овој дел од Кралството се појавиле демонстрации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како носители на отпорот се споменуваат „герилци“, „патриоти“, „четници“ и „комунисти“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во 1944 година американскиот печат продолжил да известува за настаните во Македонија. Во овој период изворите на информациите биле различни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај големиот број дезинформации за тоа што се случувало во Македонија, а посебно во однос на носителите на воените дејства, сепак и тие информации биле доволни за да се види дека и македонскиот народ е активно вклучен во отпорот против окупаторот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со самиот прилив на нови борци доаѓало до формирање на поголеми воени единици.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)