интуиција (имн.) - дека (сврз.)

Сепак, како што покажа Ричард Бернштајн, Дерида прифаќа неговите учења да имаат позитивни морални импликации како што се плурализмот и почитувањето на другиот и при претставувањето на своите гледишта тој е во одреден дел мотивиран од нив.9 Деридините морални интуиции се традиционални.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Замислата опстојуваше низ Средниот век во идеалите на аскетизмот и мачеништвото, како и во проповедите за сочувство и дарежливост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие се под големо влијание на христијанската интуиција дека оние кои трпат, кои се сиромашни и слаби, се добри и треба да им се помогне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко беше обземен од силните напливи на својата голема егзилска интуиција дека овој град крај реката ќе му ја измени суштински замислената судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така беше и во војната. Силната интуиција дека е на вистинската страна, никогаш не го изневери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сомневам дека би било многу тешко да се најде принципиелен начин за отстранување на Тјуринг-еквивалентните и Тјуринг-неразликувачките имплементирања од овој вид без повикување на мистериозни специјални својства на ментално произведената перформанса на обата краја на потфатот: Тие веќе беа имплицитни (со право, според моето гледиште) во Тјуринговата интуиција дека би било арбитрарно да се одрекува (едноставно бидејќи се испоставува дека е машина) дека еден систем има ментални состојби сѐ додека неговата перформанса е Тјуринг-неразликувачка од онаа на системот со ментални состојби.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Откако ја усвоивме Searle-вата интуиција дека самиот процесор нема разбирање, тогаш треба да заклучиме дека компјутерот кој извршува програм е машина различна од оголениот хардвер.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во стварност, најголемата препрека била помината во моментот на Гедел му светнала искрата на интуиција дека е можно да се создаде едно вакво тврдење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значи, нема ништо безбедно во таканаречените позитивни претстави – особено кога ја немате општествената моќ да ги зацврстите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребни се други стратегии на отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакале или не сакале, ние им подлежиме на општествените околности и на културните кодови што немаме моќ да ги менуваме (барем не на краток рок), на кои имаме моќ само да им се опираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Активната пасивност на машката геј-култура, нејзиното уживање во подреденоста и нејзиното гордеење со неа, нејзината готовност да се идентификува со поимањата со кои се карикатурираат или се омаловажуваат жените и геј-мажите не треба да се сметаат за ратификација на тие поимања, туку за уште еден израз на кампската интуиција дека нема ништо надвор од моќта, дека малцинствата и стигматизираните групи не можат да бираат како ќе се гледа на нас и каква вредност ќе им одредува општеството на нашите животи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)