интерпретација (имн.) - на (предл.)

Но таа се надоврзуваше и привикуваше едно исто така старо предание: она во кое страницата инаку се устројуваше во главнината на текстот, толкувањата, внатрешните белини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Која беше замислата, влогот за потфатот наречен Глас? 4Не отстапувајќи од правилата и барањата на филозофското читање, за кои отсекогаш го имав сочувано должното почитување, во книгата Глас сигурно сакав сериозно да обработам некои содржини (семејство, сопственото име, вера, дијалектика, апсолутно спознание, погреб - и уште по нешто), но спротивставувајќи ги, страна наспроти страна, интерпретацијата на големиот канонски корпус на филозофијата на Хегел со реиспишувањето на поетот- писател, речиси вон законот и неприфатен - Жене.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за пример, Бугарија, која е членка на ЕУ и е четирипати поголема од нас по бројот на жители, има вкупно 500 судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Видови на преведување Во својата статија „За лингвистичките аспекти на преведувањето“, Роман Јакобсон разликува три вида преведување: (1) интралингвално преведување, или преизразување (интерпретација на вербални знаци со помош на други знаци во истиот јазик). (2) интерлингвално преведување или прописно преведување (интерпретација на вербални знаци со помош на некој друг јазик). (3) интерсемиотичко преведување или трансмутирање (интерпретација на вербални знаци со помош на знаци на невербален знаковен систем). okno.mk | Margina #8-9 [1994] 21
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сакаме тезата за балканската унија на јазиците, за која се согласни одреден број балканолози лингвисти и различната интерпретација на феноменот на јаничарското, односно на светската мерценарија, да ги изведеме на ниво на непосредна комуникација која би одиграла значајна улога кај балканските народи, во покажување и доминација на сличното обединувачко над различното разединувачко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Хејс и Перлис имаат само една цел, без оглед дали се свесни за тоа или не: да најдат основа за обезвреднување на секое негативно сведоштво за да можат безбедно да ѝ се вратат на менталистичката интерпретација на „виртуелниот” систем - интерпретација којашто самиот виртуелен систем никогаш нема да ја избори затоа што еден симболички систем мора „по дефиниција” да е способен да ја понесе целосната тежина на една систематска интерпретација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Иако не експлицитно, овие два моменти се содржани во прочуената Марксова 11-та теза за Фоербах, - идеологијата како интерпретација и идеологијата на која ѝ е доста од интерпретации на светот и која бара негова промена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За таа цел, тој предлага една терминолошка дистинкција: првата ја нарекува еидологија а втората идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, при секој обид да ги разбере историските процеси, карактеристични за сопствениот народ и за неговата историја, постојано се соочуваше со неизбежните парадокси кои како да го обесхрабруваа да дојде до јасна, разбирлива интерпретација на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)