интервенција (имн.) - на (предл.)

Знаете дека со интервенцијата на Англичаните во Атина и со потпишувањето на Договорот во Варкиза кога ЕЛАС мораше да го предаде оружјето, грчката реакција го почна белиот терор и прогонот на демократите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По интервенцијата на военото и политичкото раководство на НОВ и ПО на Македонија демонстрацијата била ставена под контрола. 310 Ibidem. 311 Ibid. 312 PRO FO 371/48181 R 2448. 313 PRO WO 202/264. 314 Првиот конзулат во Македонија, по ослободувањето, бил отворен во јуни 1045 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Благодарејќи на брзата интервенција на војската и на жандармеријата, намерата на бунтовниците беше осуетена, а редот и мирот веднаш воспоставени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, бидејќи властите не знаеле и не можеле да откријат ништо за конспиративната дејност на уапсените, по интервенција на бугарскиот дипломатски агент во Цариград, решиле да ги ослободат, и тројцата, како бугарски граѓани, да ги протераат во Бугарија, а П. Шатев во родниот град Кратово.57
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, брзата интервенција на властите открила дека „албанските разбојници“ што се криеле во една пештера со детето биле велешани.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Интервенцијата на големите сили, во случајов, имала значително влијание врз војската и полицијата и врз солунскиот башибозук.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)