интелигенција (имн.) - на (предл.)

Интелигенцијата на тие народности треба да си подаде една на друга рака и секоја од нив да земе да ја популаризира идејата во својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во последно време овој „добротвор“ многу е изитрен и во договор со големците од Белград ја чисти својата околија од интелегенцијата на еден многу посебен начин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не само интелигенцијата на сите народности, не и на мнозинството од нив, ами па и интелигенцијата на најсилната македонска народност – Словените, не сета беше застапена во комитетот: србоманската и гркоманската македонска словенска интелигенција беше настрана од комитетот, па и непријателска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)