инерција (имн.) - на (предл.)

Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Навикнавме, по вообичената инерција на духот, да ја третираме книжевноста на југословенската федерација како целост, небаре врските меѓу Мирослав Крлежа, Иво Андриќ, Миодраг Булатовиќ и Васко Попа, на пример, се нераздвојни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неврописихијатарот, во инерцијата на своите прашања, не ја разбра Мајкината иронија, па продолжи: – А кој ден бевме вчера?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)