Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жилаво наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И јас, на почетокот, како да го наследив, по некаква неразбирлива инерција во животот, истиот несвесен однос кон Мајка кој се негуваше во семејството, таа да биде, според сопствениот избор, некако на втор план.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Новите држави, создадени на Балканот, по падот на Отоманската Империја, не можејќи лесно да се ослободат од деспотската инерција во менталитетите, со примеси на идеологијата, си имаа најголеми маки со судството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)