Првин се појави кај обајцата сомнежот дека терминот турцизми за заемките не беше идеален за употреба, но тие, сепак, по некоја туѓа инерција навикнале на неговата употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко тврдеше, а Камилски тоа го потврдуваше, дека многу турцизми изворно не се турски зборови (што претпоставува само една фаза од развојот на турскиот јазик), туку влегле во балканските јазици и логично би било да се нарекуваат (јазични) османизми, додека терминот турцизми би се однесувал само на заемките од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)