инволвираност (имн.) - на (предл.)

Чашата ја преполни информацијата (неофицијална, добиена од свои, тајни извори) од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје за можна инволвираност на неколкумина од групата што работеше на теренот и во овој дел на, како што велеше тој, дејствија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)