Бугарското име меѓу Словените беше популаризирано од Грците и тоа првин ги означуваше само Бугарите – Монголите, после нивните воени сојузници, после бугарските поданици и најпосле стана етнографски термин за бугарските Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не можевме да го заборавиме денот кога брат ми партиец пресуди, а татко ми се согласи козата да се вика Сталинка, макар што тој си остануваше верен на определбата да се ослободуваме од имиња на војсководци, светци, ослободители, да бараме имиња меѓу цветовите, природата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не беше наведено Татковото име меѓу приредувачите, но не беше наведено ни името на преведувачот!
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)