Обезличена судба, име носи, име има.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Здивот воскреснува на небесата, Неколку точки восклик нè бараат нас, бакнеж и музика, името имаше име, името на водата, Божјото име - безгрешие, насмевки, незапирање...
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Големо име имаме, татко, ќе ни го земат!‘ Со грижа на лицата свои ме погледнавте сите, чекајќи од мене да ви кажам што да сторите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)