илјада (имн.) - километар (имн.)

Зад нас останаа изминати две илјади километри, по снег, мраз, со лизгање, убави попатни панорами, но за сето време само Коле беше буден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навистина многу е пријатно, на далечина од неколку илјади километри, да се слушне своја песна, низ слики да се гледа својот крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубов која се претвора во опсесија, транзгресија на чувствата, фебрилност од страсти кои инсценираат лудило кое трае со години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Илјада километри тишина, копнеж и безумие од страст за допир.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во себе постојано ги слушаше неговите зборови во мигот на преселбата на неговиот гарнизон, илјада километри подалеку: „Ќе се вратам, љубов моја, ќе те земам за невеста!“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Врват пат околу десет илјади километри за да си ја најдат смртта...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Односно, кога бев малечок со мечето во креветчето, таа беше прилично далеку од мене. Едно илјада километри.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Обично заборавам да сменам моторно масло, ама тоа може да се менува на секои дваесет-триесет илјади километри.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пред мене се шест илјади километри за одење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми направиш полошо, му велам, ало, шест илјади километри нѐ делат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кејтеновиот син беше еден од оние ѓаволски старци што можеа да гледаат илјада километри пред себе, божем сета далечина беше собрана во неговите очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Крајната цел со градбата на каналот беше да се скрати за четири илјади километри патот помеѓу Санкт Петерсбург и Биеломорск.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Висок сум три сантиметри, а не петнаесет илјади километри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)