Стратегијата, значи, е налик на стратегијата што ја развиваа Laibach и NSK, и која се базираше на претерана идентификација со тоталитарната идеологија којашто на тој начин ја намалуваше идеолошката ефикасност и го фрустрираше системот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
12 Кај Сара Лукас фотокопирањето и увеличувањето на најексплицитните артикулации на машката агресивност претставува упад во територијата на оној јазик кој постои благодарејќи на илузијата дека е видлив и, воопшто, присутен само во рамките на својата „целна група“: кога овој дискурс ќе се изведе од својата „имагинарна“ состојба, неговата агресивност се претвора во фрустрација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Под тие околности, имено, настанува мошне уверливата илузија дека општествените улоги на мажот и жената се распределени на најприроден можен начин.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кому и зошто му било нужно да ги светнува оние стари чевли, крпени со разнобојни парчиња, за да побуди во мене илузија дека ми се даваат како нов велигденски подарок.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Немаше илузии дека би можело да го задржат да работи во Судот. Најмалку како судија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ги загуби и последните илузии дека ќе создаде нешто големо во новите балкански услови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Овој нов свет, од онаа страна на секојдневната реалност, во толкава мера може да биде сличен на уметничката имагинација и поранешните искуства на уметникот, што создава илузија дека се работи за иста појава.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Освен тоа што енормно беа зголемени законските обврски кои организацијата на легален штрајк ја направија скоро невозможна мисија за работниците, овие изблици на работнички револт сега се во најголема мера, целосно узурпирани од социјалниот дијалог, кој пак е само обична апологија на политичко-бирократските елити за создавање илузија дека всушност нешто се прави за подобрување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тој, од своја страна, својата начелна вина во ниеден момент не ја губеше предвид и, исто така, немаше илузија дека проблемот на истата начелна вина го има и таа, но не сфаќаше зошто тоа за возрасни и зрели луѓе би резултирало со уништување на бракот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
На кутриот крал му е оставена илузијата дека владее и дозволено му е, сосе круната, достоинствено да се тетерави поле по поле.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа во европското јавно мислење и во самата Србија создаде илузија дека има Срби во Македонија и таа илузија во очите на европејците минува како факт.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овој секојдневен џагор на животот зад ѕидот создаваше во него илузија дека меѓу него и оние таму не постои камена преграда што ги дели и, едноставно, тој е неразделен учесник во нивниот живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Живееме во некоја илузија дека сѐ што е наше не чини.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Два пасуса подолу, Rychlack ја покажува својата сопствена конфузност: Суштинска точка е дека . . . машината - која може да биде опишана на само екстроспективен начин - ни прави илузија дека се одвива интроспективен okno.mk | Margina #3 [1994] 91 процес . . .
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Затоа таа прозорците ги имаше облепено со ѕвезди направени од станиол како и месечина за да ѝ светкаат ноќе, да има илузија дека го гледа небото и да може подобро да заспива и да сонува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да, јас наивен, еднаш каков што создава Господ, со сите мои донкихотовски илузии дека со мојот одбранет докторат и искуството од Шпанската војна, ќе придонесам во спасот на Балканот од вековното проклетство, од неколкуте предложени теми за работа врз докторската десертација дисертација се определив за трудот кој не ја исклучуваше неговата полезност и општа употребливост при враќањето во мојата земја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Општата интерпретација на тековниот слом на Источните режими ја крие взаемно одржуваната илузија дека светот униформно ќе еволуира кон ЗАПАДЕН тип на владеење.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Животот, личноста и борбата на Јасер Арафат не можеше да се сведат на никакви шеми на владетелите кои успеале да го оттргнат својот народ од колонијалната зависност и до крајот на животот, да се сметаат како пратеници на Бога во доживотното владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таквата состојба ќе ги предизвикува неговиот илузии дека излезот од лавиринтот ќе го најде доколку напредува, но напредувањето всушност ќе ги предизвикува парадоксите на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јасер Арафат во својот живот-легенда, ширејќи ја вистината за Палестина во планетарни димензии, се чини на крајот стана конечна жртва на своите утописки илузии дека ќе владее во слободна Палестина, минувајќи неколку години во Рамалах, во својата Газа, во едно парче на Палестина, како во вистински кафез на слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XV Речиси нема човек кој не заборава дека на овој свет сме дојдени по чиста случајност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но најчесто се случува луѓето кога ќе се најдат во спиралата на потрага по моќта за владеење, да се однесуваат како суштества кои живеат во илузијата дека нивното присуство во светот станува капитален чин, небаре неопходен за движењето на материјата, рамнотежата на светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од лавиринтот во себе, од лавиринтот надвор од себе.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чудно, но додека си ја потпевнуваше во себе, имаше илузија дека навистина слуша ѕвона, ѕвоната на еден загубен Лондон што некаде сѐ уште постоеја, преправени и заборавени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Често шеташе околу селото, по бавчите и шумата, ги посетуваше плевните и кошарите, одеше на сите оние места каде што одеа заедно, го чувствуваше нејзиниот здив како да е тука и кога ќе му засенеше нешто, помислуваше дека е таа, и нагло се свртуваше, но и сенката исчезнуваше - никаква трага од неа; седнуваше на истите оние места или предмети каде што седнуваа заедно, замижуваше и си создаваше илузија дека е таа тука крај него и молчи, како што често ќе примолчеше кога доаѓаа миговите да се гушнат или бацат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И неговата мајка, од турска рода, со блиски на највисоки позиции во Цариград, конечно ги загубила своите илузии дека ќе може да им се придружи на своите во Цариград, со својата рожба.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко сакаше да дојде до некаков позадлабочен, философски одговор на оваа дилема, особено кога беше во прашање неговата родна земја Албанија и неговата илузија дека ќе ја разбере логиката на возвишувањето и на падовите на империите на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пред мугрите на педесеттите години, нашето писмо испратено до италијанската стоковна куќа Ла Ринашенте, претставуваше неверојатен чин на храброст, но и на лудост, на голема илузија дека писмото ќе стигне на крајната адреса и дека, на крајот, каталогот ќе заврши во рацете на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но и таа, кутрата, скоро вратена од Цариград, со сите изгубени илузии дека бегањето во нова Турција би било спас, виде-невиде, му го даде, на својот син и на неговото семејство, благословот за заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така си ја дополнуваа и си ја доградуваа стратегијата за спасот на семејството, во заедничкото проверување во сопствените илузии дека излезот е тука, или некаде на друго место, или во враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Немаме илузии дека може сосема да се отстрани!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Трагичната, фантазмагорична сказна од моето враќање во Албанија со години ја потиснував во себе, сметајќи ја повторно со некаков наивен круг на илузии дека цената на мојата жртва е премала пред непогрешливоста на татковината!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)