Кога му ја даваа, пред испуштање, личната карта, во една од канцелариите што сепак создаваше илузија на оној нормален допир со власта, досега единствено познат за него, Пискулиев се пожала: „Господин началник, мене ме тепаа за ништо!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Илузиите на европското јавно мислење за српски интереси ги донесоа своите плодови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
(213) Два скапоцени моменти, две скапоцени илузии: во претчувството за жена и за нејзиното поседување - илузијата на задоволството - и во сосема свежото искусување на нејзината загуба, додека сѐ уште сме маѓепсани, во илузијата на загубата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Специфичниот хардвер најпрво наречен ВР комбинира две мали 3-D стереоскопски оптички дисплеи или „eyephones”, една Полхемусова направа за главата поврзана со мониторот, и ракавица или прирачна направа која дава повратна спрега така што корисникот може да манипулира со објектите перципирани во артифициалната средина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Аудио 3-D акустиката може да ја поткрепи илузијата на внурнатост во некаков виртуелен свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа е и време на неопходна трансмутација на илузијата на поезијата во апсолутен владетел над сѐ.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И дури татнежот и чадот на градот сонцето го покриваат еден усамен глас на птица како далечно поточе како детско ѕвонче како утринско огледалце ја крепне кревката илузија на пролетта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Присуството и физичката форма на брат му, звукот на неговиот глас, неговата кроткост, добродушното лице, цврстиот и отворен поглед на неговите очи, за кратко време ја оттргнаа илузијата на безвременост, и на минатото столетие му ја дадоа хронолошката димензија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Илузија на отровни човечки гадости. Од оваа болест нема лек.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Победата е секогаш само илузија на филозофите и улавите... . Вилијам Фокнер
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Воденичен камен и ведро лице на ноќта. О уморена душо на илузиите на каменот и на земјата.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Каде е дури и привидот на желбата, освен во теоретскиот привид на психоанализата и во политичките илузии на револуциите?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Животот крај брза река ја оживува илузијата на постојаното заминување.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако повеќе не ја мачеа Татковите илузии на заминувањето, а враќањето во времето го беа исклучиле обајцата, зашто во родната земја настапија тешки времиња за обете нивни семејства.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега беше дојден мигот да се лиши и од илузијата на неколкуте мигови откриено време.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)