изолација (имн.) - во (предл.)

- Прав си, нема поголема несреќа од затворените граници, од изолацијата во која се најдовме!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајсторите Миленко и Бајро од Сараево беа во Кралупи за покривната изолација во топланата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И во својот незавршен ракопис на својот живот за Историјата на Балканот низ падовите на импери­ите, причините за трагизмот на својот народ не престануваше да ги бара во хроничната и ендемична изолација во текот на вековите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)