Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)