Со ваквата законска резерва се остава широка можност за злоупотреба во праксата, каде работодавачот искористувајќи ја својата надмоќна позиција во однос на работникот, преку разни закани и притисоци ќе издејствува да ја добие оваа „согласност“ на работникот; г) до терминолошка измена дојде кај дополнителното работење со промената на нејасниот, конфузен и терминолошки недоследен „договор за вработување со скратено работно време“ со поприфатливиот „договор за вработување со неполно работно време“ (part-time job) (чл. 24 од ЗИДЗРО/фев.13);29 д) во сферата на прераспределбата на работното време кон чл. 124, кој ја регулира оваа материја, беа додадени нови четири става кои нормираа дека при прераспределба на работното време кај сезонската работа, тоа не може да биде подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно, за време не подолго од четири месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Вредно да се напомене е дека до измена дојде и кај чл. 372 кој сега пропишува дека странките можат да изјават ревизија против второстепена пресуда, ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000,00 денари (чл. 87 од ЗИДЗПП/10), со што дојде до двојно зголемување од претходно предвидената вредност од 500.000,00 денари, додека пак во споровите од работен однос ревизијата е дозволена без оглед на вредноста на предметот на спорот доколку се работи за престанок на работен однос.99 Иако со ЗПП (2005) се воведоа инструктивни законски рокови кои го потенцираат специфичниот карактер на споровите од работен однос100 кои во прв степен мораат да завршат во рок од 6 месеци (чл. 405), сепак пропуштањето на овие рокови, иако не треба да предизвика штетни 96 Закон за парничната постапка, Сл.весник на РМ, 79/05.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со оваа измена дојде до отстранување на обврската договорот за вработување (заедно со останатата потребна документација) на лицето кое се пријавува да биде даден на увид на службеникот во Агенцијата, со што евентуалните прекршувања на законот во поглед на елементите, правата и обврските на работникот и работодавачот кои би морале да бидат јасно утврдени во договорот за вработување се остава само на Инспекторатот за труд, кој пак согласно своите овластувања врши редовен инспекциски надзор еднаш годишно, но само во одредени стопански гранки, додека пак во останатите, тоа го прави еднаш на секои 3 години, период кој е предолг за работникот да трпи последици од договорот кој не е склучен согласно законот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со ваквата измена дојде до бришење на неколку експлицитни одредби кои поблиску ја регулираа процедурата при изборот на помирувачите и арбитрите, па сега тие не се избираат преку јавен оглас, веќе не постои временскиот рок од 15 дена во кој мораше да се изврши нивен избор, а се чини од најсуштинско значење е бришењето на одредбата која пропишуваше дека помирувачите и арбитрите се избираат за период од 4 години, со право на повторен реизбор; б) кај начелото на доброволност, се избриша законскиот текст кој пропишуваше дека учесниците во склучувањето на колективниот договор се слободни доброволно да одлучат за учеството на помирувачот во колективното договарање (чл. 5 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со ваквата измена дојде до намалување од цели 8 часа(!) на минималниот период за одмор и уште еднаш се покажа генералната, негативна прогресија, при измените во трудово-правната материја; г) со усогласувањето на прописите од ЗРО и ЗПИО,30 се предвиде дека работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има право на скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор (чл. 29 од ЗИДЗРО/фев.13). 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)