излегување (имн.) - на (предл.)

Во десет слики мениите ги најавуваат вечерите во кои се одвива сообраќајот на материјалната размена, како влегувањето и излегувањето на храната, така и на човечките тела и алузивните дескриптивни реплики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали беше можно излегување на Балканот од вавилонското проклетство?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доволен број од нас се враќаа со вести „од прва рака“ охрабрувајќи ги и другите да се обидат во истото - увод во масовното излегување на студентите на улиците во шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Излеговме и ние од свечената сала. Надвор, до излегувањето на последниот присутен на претставата, останува полицискиот кордон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го објави, како што рече подоцна, излегувањето на водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во истото време двајца Арнаути го дигаат Илија и го изнесуваат, а останатите ги навртуваат пушките да стрелаат по Ристаќија, но ги спречува излегувањето на Антица и за тоа пукаат нагоре)..
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (на излегување на Николаќија). Ајте со здравје. Поздрави ја сваќата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Насреде, за излегување на балконот, двокрилна врата со стакла.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На пример, како „Одговорот на прашањето: што е просветеност?“ на Имануел Кант: „Просветеноста е излегување на човекот од неговата самопричинета малолетност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тишина. Одот на времето измерен е со влегувањето и излегувањето на куршумите од шаржерот. Разговорот е подморница.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ова било, всушност, првото излегување на Мајка во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)