излевање (имн.) - на (предл.)

Дека беше во прашање зависта сфатив кога реши да го искористи случајов и да ме замеша во разговорот и мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш нетрпението дури надвладува, зашто во таквиот случај, просторот за излевање на нашата агресија е ограничен на една точка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)