И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На вториот ден од Конгресот, 7.000 Словени од Питсбург и од околните места се собрале во паркот Шенли за да го следат излагањето на министерот за внатрешни работи на САД, Харолд Икс, кој пристигнал како гласноговорник на претседателот Франклин Д. Рузвелт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не еднаш на митинзите во Софија и во другите градишта се имаат примано резолуции со излагања на нуждите на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пред присутните тој го прочитал писмото на Рузвелт упатено до Американците од словенско потекло, во кое тој ги повикувал да го вложат сиот свој ум во конструктивни акции за забрзување на големата задача - за што побрза победа, како претпоставка за мир на земјата и за благосостојба на народите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Овде Македонско-то наречїє се сблизȣватъ со Сьрбско-то. (а) Излагаещи овїє особенности на Македонско-то наречїє мїє имаме во вниманїє изложенїє-то на Г. Михаиловскїй за подобни-те особенности по медьу новоболгарскїй-отъ ѧзикъ вообще и старїй-отъ.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“
од Партениј Зографски
(1858)
Ние, уморни, повеќемина рамнодушни, го следиме монотоното излагање на директорот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)