Среќна сум што сум се родила во такво рајско место, и по изгледот и по доблестите на мештаните тоа место навистина наликува на рај.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од македонскиот џип излегоа жената со косата во колак над темето и еден висок и слаб маж, додека пак од грчкиот џип две жени дури и помлади од Пелагија со пријатен изглед и убаво облечени и еден маж свалкан како топка кому можеше да му се одлачи само малечката глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
О, бесрамна нека ми биде беседата
нека биде вечен нескладот
меѓу изгледот и суштината
постојат волшебни приказни во коишто
сѐ е налик на стварноста
во коишто нема ништо
што би можела да го објаснам
ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Неусогласеноста меѓу изгледот и облеката се очитува и во нејзиниот сон во подземните одаи на пирамидата, во кои најнапред е запленета како наивен, изгубен турист, каде останува како доброволна љубовничка на фараонот - Сонце, синот на порозната сфинга.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)