По неговиот изглед, боја и површина, луѓето знаат каков ќе е денот; ако е матно и разбрането - матен е и денот; ако светло и мирно - мирен е и денот; од неговиот изглед во многу зависи и расположбата на луѓето; ако е тоа весело - и тие; ако е тоа тажно - и тие.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мислам дека се олицетворение на нашиот изглед во иднината.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И речи си вистински го растегна својот непостојан изглед во победоносна насмевка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Повремено, можеби два пати неделно, одеше во една прашлива, од сите заборавена канцеларија со запуштен изглед во Министерството на вистината и завршуваше по малку работа, или барем она што се нарекуваше работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гринавеј ретко постигнува оригинален изглед во своите филмови (и покрај тоа што го имаше искусниот кинематограф Саша Верни (Sacha Vierny - Hiroshima Mon Amour, Last Year at Marienbad, Belle de Jour).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како среде најлута зима да ми изгорела куќата и еве сум останал на улица, без жив човек на повидок, со недвосмислени изгледи во најскоро време да смрзнам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)