известување (имн.) - од (предл.)

По приемот на кривичната пријава или по добиеното известување од полицијата, со постапката раководи јавниот обвинител (чл. 283, ст.1 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По години, до неа ќе стигне писмо, но тоа нема да биде чеканото љубовно писмо, туку известување од власта за социјална помош, доколку по својата смрт го остави на општината одајчето во кое живее.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, овој второстепен орган кај работодавачот воопшто не се произнесе, по што тие поднесоа пријава до синдикатот на претпријатието – за да, по 15 дена, добијат усно известување од истиот дека тој „нема ингеренции да одлучува по тоа прашање“ и својата правда да ја бараат пред суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)