известие (имн.) - Битола (прид.)

Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)