избегнување (имн.) - на (предл.)

Заштедите што се постигнуваат со избегнувањето на тестирањето на огласите пред да се емитираат се смешни во однос на можните загуби кога преку мас-медиј се испраќа погрешно формулирана порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За нив животните се еднакви со човечките суштества токму поради избегнувањето на страдање, и затоа треба да бидат третирани како луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оттогаш избегнувањето на жртвите се слават на пуримски празнувања.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Милеровата нагласка врз колективното наместо врз поединечното субјективно обликување, меѓутоа, не била стратегија за целосно избегнување на душевното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Избегнување на злото и учење како да му се спротиставиме. Само со издигнување на божјото име и волја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)