идеја (имн.) - дека (сврз.)

Општо е познато, како во научните, така и во филозофските кругови, дека проблемот за односот на духот и телото можеби и не може да биде решен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Денес малкумина веруваат дека сосема јасно може да се поткрепи идејата дека менталните процеси се нефизички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нам мигум ни станува јасна идејата дека империите доаѓале и минувале на Балканот, режимите и професионалните политичари ги потикнувале караниците и војните, додека народите секогаш го наоѓале заеднич­киот јазик на соживотот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше отоманското движење кое поаѓаше од идејата дека отоманскиот граѓански статус треба да им биде даден на сите народи на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едноставно не можеше да се помири со идејата дека тој е човекот што е предложен за Нобелова награда.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кон половината на ноември, во продукција на Плеј-Хаус, беше и премиерата на Conquest of the Universe.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се појавуваат идеи дека еден ден веќе нема да бидат потребни технички средства за пренос, туку и мислите и идеите ќе се одвиваат низ чиста размена по пат на мозочни бранови што ќе пулсираат низ целиот свет, секој пронаоѓајќи ја својата цел во тој „организиран хаос”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Коса ја носеше идејата дека целиот нов култ на млади се појави благодарение на крајот на времето на Рибата и почетокот на времето на Водолијата - и навистина изгледаше дека клинците прифаќаат такво нешто.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа е третата и последна точка на која би сакал да се задржам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше вистински општествен настан во андерграунд светот, бидејќи толпа луѓе од Макс и од нашите филмови беше во него...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од ова дело, тој ја задржал идејата дека животот е една низа од краткотрајни чинови, и затоа мораме до крај да го култивираме секој миг, барајќи го „не плодот на искуството, туку самото искуство”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Верувам дека никогаш порано, пред појавата на Валери Соланис не дошол на идеја да ја изедначи славата што сам ја конструираше со таа на Мерилин или Лиз, слава која предизвикува стравопочитување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислел дека ќе бидеме одушевени од самата идеја дека тој сѐ уште работел на реклами, што отсекогаш и го правел, со таа разлика што сега работел на “чиста” реклама, рек­ лама како висока уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И така, во мене започна да зрее идејата дека, во старите сиџили, на Балканот, кои ги прекри превезот на заборавот и до нив не можеше да втаса никаква лаицизација, се криеше и идејата за нечиј спас, но не се знаеше за чиј...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од еден до друг музеј се сугерира идејата дека излезот кон посреќната и надежна иднина, како крај на маките, мора да постои.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш е јасно, радикалната дистинкција помеѓу проблемот и решението изгледа како корисна идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
3. Третото гледиште, можеби почнувајќи со Кондијак и продолжувајќи преку Жак Дерида (Jacques Derrida, 1978), е дека јазикот е реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова секако води до идејата дека јазикот може да ја претставува „вистината“, кое води кон една понатамошна идеја дека може да се развие една наука за значењето гледајќи зад и под зборовите - приод обично нарекуван „структурализам“ (изложен од Фројд, Чомски и Селвини Палацоли помеѓу другите).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа транспарентност на практиката претставува предизвик на општо-прифатената идеја дека за да ги има своите сакани ефекти, делувањето на терапијата треба да се чува во тајност, идејата дека ако луѓето знаат што прават терапевтите, тогаш терапијата нема да успее.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто така и идејата дека “фактите” ѝ припаѓаат само на проблемската страна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа јазикот може да се проучува гледајќи колку добро ја репрезентира таа реалност. 28 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нашето повикување на деконструктивистичкото нивелирање на родовата разлика помеѓу философскиот и литературниот текст не наиде на одобрување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За да го објасниме ова со термини поблиски до терапевтите, идејата дека нашиот свет е јазик, сугерира едно “конструктивистичко гледиште”, иако оваа перспектива е поширока и подобро изградена од она што типично се подразбира во терапевтскиот свет со терминот “конструктивизам”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И дијагностичкиот прирачник води до наивната и погрешна идеја дека актот на разголување е неволен, и затоа некои луѓе ќе помислат дека разголувањето е симптом кој треба да се припише.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секако, сакам да ја зачувам идејата дека јас сум некој вид експерт - во првата смисла на терминот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја минираат идејата дека тие имаат привилегиран пристап до вистината со давање поддршка на индивидуите во обидот за разбирање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја доведат во прашање идејата дека поседуваат објективен и непристрасен опис на реалноста, и да ја поткопаат можноста дека индивидуата ќе биде подложена на наметнување на идеи, со поттикнување на клиентите да ги интервјуираат во врска со интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Што е она што им изгледа значајно или од помош за некои посебни перспективи, реализации, заклучоци, и т.н.?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Покрај поставувањето прашања за одделни реакции на терапевтот, членовите на тимот можат да бидат повикани да разговараат за размислувањата на терапевтот околу актуелниот процес на терапијата во текот на разговорот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Очигледно парот неволно/волно води до идејата за припишување на симптом правејќи го неволното во нешто волно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Експерт 1.многу вешт; некој кој има голема извежбаност и знаење од некоја специјална област. 2. на или од некој експерт; како, експерт(ско) гледиште.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие воопшто не ги исцрпуваат можностите, а Дејвид Епстон и јас дискутиравме за други такви тераписки практики на други места (пр. Epston и White, 1990; White и Epston, 1990).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мене сосема ми е блиска идејата дека целиот свет е само еден запис што треба да се прочита, и никакви други филозофии тука не помагаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Почнуваше да добива нејасна идеја дека Ризо не е обичен Вечен Студент - дека одвреме навреме тој мал наредник успева да фати понекој одблесок на вистината. 16 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но на многу философи идејата дека некој може да се држи до гледиште кое што не се вклопува во овие категории им изгледа несфатливо” (стр. 15).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше Берлинскиот ѕид тој што ја штитеше “империјата на злото”; тоа беше електронскиот ѕид, којшто беше лесно пробиен од MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
МекЛуан и Фуко јасно покажаа дека слободата зависи од контролата над технологиите што досегаат до мозокот - телефоните, печатот, неврохемикалиите, екраните.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Јас отсекогаш имав цврсто изграден негативен став кон идејата дека душата е бесмртна.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти не си ветуваш бесмртност преку вечноста на душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Започнувајќи со седумдесеттите години физичарите флертуваат со идејата дека теоријата на хаосот може да го објасни поведението на сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш почнав да посакувам да цртам условени души, како духови, идејата дека овие нетелесни духови на мртвите се секогаш со нас, и си мислев, ќе ги нацртам вака.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тоа време идејата дека некој има можност после полноќ да се џари во телевизор, од некои беше примена како ерес.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не знаев од каде им е идејата дека сакам да се убивам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пак погледна во часовникот и се изненади од неочекуваната идеја дека Мануш, недораснат за вакви акции, се лизнал низ сенките уште пред да го опомене со свирење и го оставил да го исчекува изгревот на сонцето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа беше османско движење кое поаѓаше од идејата дека граѓанските права требало да им бидат дадени на сите народи на Царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веруваше во идејата дека сета историја на човештвото може да се претстави со три-четири вистински метафори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, можеби, си се вратил одново на твојата стара идеја дека пролетерите или робовите ќе се кренат и ќе нѐ соборат од власта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, исто така, ми се допадна идејата дека сето тоа и не е толку сериозно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Може да претпоставиме дека веројатно тоа и била идејата на Бах; меѓутоа идејата дека истиов процес би можело да се повторува до бескрај несомнено му се насмевнувала, и можеби токму од тие причини Бах напишал на маргината: “Како што модулацијата оди по нагорна линија, така нека биде и со славата на кралот”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но таман ќе заклучите дека е лажно кога од некаде пак ви доаѓа идејата дека тврдењево мора да е вистинито. Пробајте и ќе се уверите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татко конечно ги напушти големите идеи за замину­вањето, но во него избледуваше и идејата дека до крајот на својот живот ќе го доживее вистинското враќање кое, сега, како да ѝ го оставаше во надлежност на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најпознати уметници од таа група се Asger Jorn и Carl Henning-Pedersen од Данска; Karel Appel, Constant, и Corneille од Амстердам; и Pierre Alechinski од Брисел.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поконкретно, ги проучуваше теориите на виенскиот професор по уметност Франц Чижек (Franz Cizek) и беше фасциниран од идејата дека детската уметност е аисториска, и претставува несвесно почитување на универзалните принципи на формата. CoBrA, акроним составен од првите букви на Копенхаген, Брисел и Амстердам беше ознака за уметничкото движење при крајот на 1948-та.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Хауард Хокс го снима Хатари (Hatarri), тој задо­волува двојна страст: кон ловот и кон филмот; Алфред Хичкок трепери само за филмот и многу добро ја изразува таа страст кога одговара на еден морализаторски напад врз Прозорец во дворот: „Ништо не би можело да ме спречи да го снимам тој филм, бидејќи мојата љубов кон филмот е појака од било кој морал”. (...) Ако навистина сакаме, во времето на Ингмар Бергман, да ја прифатиме идејата дека филмот не е инфериорен во однос на книжевноста, верувам дека Хичкок би требало да се вклучи - но, всушност, зошто да се вклучи?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес сè повеќе е загрозена идејата дека некоја нација постои и поради зачувувањето на различноста на планетава.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Споредувајќи го неизвесниот пат на своето семејство со патот на јагулите, тој му ја доверуваше во ноќта на Игор Лозински својата водечка идеја дека сѐ што се случува во природата на планетата Земја, може да се провери во човековиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како тогашен новобогаташ, Прокопија си го складираше првобитниот капитал грижливо и себично, но со јасна идеја дека ќе им послужи на синовите да идев натамо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не можеш да се помириш со идејата дека треба да се разубави она кое без престан ги поместува стандардите на убавото: таму некаде ја бараш смислата на уметноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Толку многу длабоко навиките се вкоренети во човечкиот живот, но мора да се ослободиме од идејата дека не е можна промена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја разгледаме идејата дека ние не сме способни потполно да ја совладаме неорганската хемија бидејќи сме направени од органски соединенија; или дека никогаш во потполност нема да го сфатиме „зеленото” бидејќи нашите крвни зрнца се црвени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Еден заеднички одговор на ова е да се каже дека колку и да се комплексни системите програмирани во машината, тие сѐ уште може да се само симулација на нешто реално. Searle повлекува јасна дистинкција помеѓу „јака” AI - идејата дека програмираниот компјутер навистина има когниција - и „слаба” AI, а тоа е тезата дека тој може да симулира когниција, дури и доследно да ја симулира.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таа ми даде неочекувана идеја дека може да се запишам на новоотворениот факултет со дисперзирани студии во Кочани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)