идеја (имн.) - од (предл.)

А Камилски беше брз, нестрплив, глобален во прифаќањето на Татковите идеи од сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ми страхуваше за Чанга (за себе веруваше дека му нема спас), заведен од читањето да не заврши како балкански Дон Кихот кој за сметка на идеите од книгите премногу се оддалечил од животот. – Козата – започна таа вечер замислено татко ми – во текот на сета историја на балканските народи се појавувала и исчезнувала меѓу народите, државите, империите... – Кога се појавувала, а кога исчезнувала? – го прекина веднаш Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеше да се разбере како ова пресадена идеја од Француската и од Октомвриската револуција на Балканот доживуваше дегенерирани форми земајќи големи жртви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се мачев во безизлезот во кој се најдов да трагам во сеќавањето по излезните таткови идеи од балканскиот лавиринт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)