идеја (имн.) - во (предл.)

Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следбениците на Адолф Хитлер го познаваат тој симбол, приказ на идејата во човекот, во знамето.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние ги сакаме и двете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Отсекогаш ме изненадувал фактот што поголем број стрипови се занимаваат со политички идеи во доста насилничка форма или со ситни тривијални моменти од животот, додека пеколната страна на работата, животот, љубовта и на стравот од смрт останува неиспитана. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Фино е да се нема мислење, ниту сопствени идеи во врска со некое прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Значи, не може да се каже дека на нашиот автор му недостасува дух, меѓутоа една од неговите најоригинални идеи во рамките на концептот „еколошка архитектура“ е сепак тнр. „дрво- потстанар“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На екипата под шаторот сега сè ѝ беше јасно, од заплетканата идеја во главата на режисерот до замотаниот филм во нивната камера, освен едно: што, каде, како ќе јадат?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ноќеска ми се роди најнесреќната идеја во животот" рече готов да се расплаче.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прилично лесно ги прифати моите предлози.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иван е горе, под Сина Скала. Не верувам дека има нова идеја во врска со погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Интелигенцијата на тие народности треба да си подаде една на друга рака и секоја од нив да земе да ја популаризира идејата во својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така некои дошле на идеја во нашево Скопје, некаде во близина на Драмскиот театар, да се изгради улица на славните.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Замислете си го тоа: Писателите кои имаат милиони идеи во главата а немаат хартија, одат по луѓето во градот и ги потсетуваат дека треба да ја променат извалканата, да не кажам, искинатата облека.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе од куќа идеја во која живееме Пред многу години, не многу значајниот американски поет Edgar A. Guest напиша поема во која стоеше „Потребно е многу за куќата да ја претвориш во дом“. 18 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Наспроти тоа, двократноста, проблемот на идентитетот стануваат меѓу најважните теми на европската лирика и проблемска литература, на пример во “Cycle Teste” на Пол Валери. okno.mk 219 Салвадор Дали, Параноични лица 220 okno.mk Светот на сонот: идејата во нова транформација Fabrizio Clerici, Татко и син Salvador Dali, Лоренс Оливие како Ричард III Текстовите на Зигмунд Фројд за соништата дадоа одредени клучеви за толкување на соновите главно со помош на сексуалната симболика, а тоа пак соодветствува со сите типови на маниризмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Застапени се текстовите на Брендан Гил “Повеќе од куќа - идеја во која живееме” - стр. 19, Флориан Броди (Мој дом е мојата меморија е мој дом - стр 21, групата Аилкно Електронска осаменост - стр. 29, Мануел де Ланда Дом - мрежа или хиерархија?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквата “поврзаност” речиси исчезнува во криминалистичките романи на нашето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден ден дури ја прифати идејата во сабота навечер да излезе со своите другарки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вистина е дека веќе одамна г.Милоевиќ составува некакви српски братства кои според неговите зборови должни се да го сеат србизмот не само во Македонија и Тракија туку и по бреговите на Средоземно Море, т.е. во Шпанија и во Африка. (г.Милоевиќ мисли дека Шпанците и Алжирците се Срби); вистина е дека неколку Милоевиќеви следбеници шират ретроградни идеи во Македонија и во Босна и Херцеговина; виситна е дека книгите на г.Милоевиќ и на архимандритот Пелагиќ бесплатно се делат, најпосле вистина е и тоа дека во белградското богословско училиште има и такви професори кои зборуваат дека бугарскиот народ е припрост и добродушен, но прашање е што произлегува од сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови,  се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во првобитните белешки кои грижливо ги препиша во Boite Verte, тој ја истакнува, иако несигурно, потребата за „конкретизирање на редимејд-от“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Фаик Коница имаше голем број европски пријатели, големи ерудити и познавачи на Балканот, на народите и јазиците, кои го почитуваа и беа готови да ги бранат неговите идеи во полемиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прекрасно е да се биди во тој свет, таму, позади, кај манекените и моделите, во подготовките и претворањето на идеите во опиплива реалност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Г. С.: ...наоѓајки го истото јадро идеи во музиката на Бах, сликите на Ешер и доказот на Геделовата теорема, за на крај да заврши со јазичната фуга во 6 гласа: Ахил, Желката, Ракот, Бебиџ, Тјуринг и самиот Автор, во која се дискутира за проблемите на човечкиот ум, свеста, слободната волја, вештачката интелигенција, Тјуринговиот тест и други нешта загатнати во претходните глави. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 11
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој, еднаш заминат и вратен, со толку ум и идеи во главата, сигурно еден ден пак ќе замине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немав никаква идеја во тоа време дека јас правев интерпретации на татковиот трансфер од дедо ми на бог и на шефот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во следните години јас добивав бранови од возбудување на помислата за „наследување” на дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За мене беше неопходно да се оста­ви простор за трансформирање на внатрешната енергија, и така јас морав да создадам однос помеѓу телото и искуството на набљудувачот како оној помеѓу масата на материјалот на скулптурата и празнината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова покажува колку Бојс беше чувствителен за исходот на уметноста и на скулптурата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој национализам го бара својот систем и стабилност во индивидуална­та слобода на другите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс имаше многу лични идеи во однос на прашањето на мултикултурализ­ мот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој го имаше предвид начинот на кој делата беа инсталирани; тој целосно ги објаснуваше своите идеи во овој однос, опишувајќи ја нивната позиција и меѓусебен однос, како тие треба да бидат сместени, и како да бидат изложени во иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако Бојс не ги искуси доцните 80-ти, неговите алтернативи антиципираа одредени историски моменти и сѐ уште се валидни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, не беше во прашање само егзактноста на преведениот збор за религиозни дејства, во францускиот збор acte, многу подлабок во понирањето на клучните идеи во моите книги во врска со мојот идентитет, идентитетот на моите родители, на мојот народ, накусо идентитетот на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав чувство, читајќи ги овие писма, како да откривам некаков систем, склоп на ментални идеи во следењето на семејната меморија како жива материја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
(...) Никогаш не ми пречеше да прашам некого: „А што сега да насликам?“, бидејќи Поп-от доаѓаше од надворешноста, па која би била тогаш разликата помеѓу барањето на идеја во магазин и ова.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ама како да се покорам на идеи во кои кај нас одамна не веруваме, по цена на големи страдања.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неколку месеци пред моето заминување во Албанија беше објавен на албански јазик есејот „Космополитските идеи во поезијата на Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во некаква незавршена балканска алхемиска игра на случајот, се надоврзуваа неговите источни и западни идеи во потрага по вистинскиот излез на семејството, за на крајот да се препушти на верната интуиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)