идеологија (имн.) - е (гл.)

Мојот ангажман на планот на андерграунд- идеологијата е хроничарски (од аспект на интелектуалец) и иманентно продуктивен од аспект на емпиричар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Саркањац тргнува од фактот дека за модерната идеологија е неопходна нејзината поврзаност со науката, дека идеологијата како корпус на знаење всушност секогаш стреми да се легитимира како наука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во втората глава се разгледува идеологијата од аспект на нејзината определивост како епистеме или како докса, поконкретно, “иманентниот проблем зошто идеологијата не ја прави разликата помеѓу епистеме и докса”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, фактот што марксистичката идеологија е дел од ‘формата на животот’ на авторот, не е единствен разлог поради кој тој најчесто ја дава неа како пример.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Така, иако идеологијата (во процесот на легитимирање) се повикува на човекот, во процесот на нејзиното остварување таа нужно го запоставува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поконкретно, „идеологијата е против многустраноста на животот на поединецот, а за оној поединец како што таа ќе го определи“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Критиката на идеологијата е, во најдобар случај, попрво чистење одошто пробивање.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)