Но ние, надежните амбасадори, последните верници на самоуправна и неврзана Југославија (внатрешно одврзана) моравме да го кажуваме спротивното и да се наоружуваме со нужните дози југословенски идеализам и патриотизам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во такви услови, правењето на културно списание кое држи до некаква си компатибилност со светските културни случувања, и кое не е само одвратна локална збирштина на паланечки трубадури што така, будалесто безглаво, ќе заталкаат и во 21 век од своите деветнаесетовековни собички на еден елегичен националромантизам - е прилично деликатна работа која бара барем толку идеализам и романтизам колку што имало во вистинскиот 19 век, кога публиката (на Маларме, на пример) се броела на прстите од рацете. 4 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со Хегел навистина заврши блескавата епоха на филозофскиот идеализам и сите филозофски идеалисти по него само се голи интерпретатори на она што е дадено од Кант до Хегел; филозофскиот идеализам по Хегел стана излишен и своето огромно филозофско наследство му го завешта на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)