Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Долгот кон татковината и народот, до неговото исполнување, се вика народен идеал и кон неговото исполнување треба да се стреми секој свесен човек.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Србите се националисти со арно сознаени народни идеали и интереси, кои што со труд, наука, перо и дипломатија сите како еден човек одат по еден општ за сите пат и затоа постигнуваат победи над Бугарите на секој чекор.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За сиве овие години Ѓорче беше за мене сѐ: и мој животен идеал и совест човечка и самата Македонија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Искажувањето на своето разбирање на народните идеали и критиката на таквите не е празна работа, зашто идеалите се душата на општата народна работа и од здравоста на таа душа зависи и здравоста и плодовитоста на самата општонародна работа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
88. Тоа платонско и само платонско и евтино сочувство кон Македонците, тоа неразбирање на националните интереси, тоа отсуство на национални идеали и таа жед за популарност со приврзаност кон социјализмот е одраз на духовната состојба на бугарскиот народ и неговото општество.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ах, каков склад меѓу потребата на човекот да си поставува високи идеали и свеста дека мора да се одговори на барањата на ежедневието!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)