играчка (имн.) - во (предл.)

Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Играчка, што значи тоа? Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој беше престрашен и од таа долга играчка во рацете на човекот над себе и сега не ѝ се подаде повеќе ни на таа позната лага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набрзина и со голема лутина В ги собра играчките во најлонска вреќа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Со тртка на носот... – се кикотат играчките во хор. - .... со тртка на носот, накаде да одиме за да не се загубиме?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Во море од брканици, по итаницата за спас, ко заплашени дечиња од рушевините на 12 катницата на силен земјотрес...со играчки во рака...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас сум само играчка во твојот живот, во животот на таа играчка. Не, грешам, се сети.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нели бил и синот на девственицата Марија играчка во туѓи раце? И што се случило?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)