играчка (имн.) - плачка (имн.)

- Дечишта! Од играчка плачка прават!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги споредив сите тие моменти со моменталната ситуација и сфатив дека настана од играчка плачка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
23. НЕ ДРАЗНИ ГО КУЧЕТО ЗА ДА НЕ ТЕ КАСНЕ - ти се вели да не правиш од играчка плачка, ако својот детски порив во себе го згаснеш за животот пеплосан ќе добиеш - огнена значка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сите се свртеа накај нас и веднаш почнаа да вреват: - Леле, леле, што му станало на детето...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)