Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таквото втиснување на информацијата во објекти е познато како „работа“. (На пример, камениот нож е резултат на работа, движење, со кое информацијата „сечење“ е втисната во каменот.) Човекот веќе нема да биде работник (“homo faber”) туку играч со информација (“homo ludens”).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)