Потоа, отпоздравувајќи има на познатите што ќе влезеа во кафеаната, безгласно, само со положена дланка на гради, не толку со занес колку со внимавање да биде разбран и наполно јасен почнуваше да раскажува. Не можев да не поверувам дека неговиот дух не се војва низ минатото, меѓу човечките крводелци и недоразбирање од стојбиштето на неверојатното што сѐ повеќе се сокрива под превез со боја на латици од крваригин цвет; раскажува а ти навлегуваш во зона на мистерија во која се испреплетуваат љубов и омраза, тие моќни чинители на човечките драми и балканските игри низ векови.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)