Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
На Змејко не можеа да му поминат незабележано сите оние скришни мигнувања и кусите загрижени разговори меѓу тој извишен младич и неколцина од луѓето со сините комбинезони, од кои што тој навистина ниеднаш не успеа да дофати ниеден збор, но сосема добро ја гледаше таа игра меѓу масите на своето дуќанче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)