зрно (имн.) - од (предл.)

Ден на забранет сообраќај Како Пепелашка во Париз, која двапати во еден ден беше на „дворот“ - ете така се чувствуваше оваа малава, што качена на штикли од најмногу сантиметри, сепак, е мала, со срце ’ко зрно од афион, опиено, токму како од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гракајќи разгалено, слета точно на рамото на Еразмо, ги приклешти острите канџи во неговото меко зимско палто, чувствувајќи го волшебниот предизвик на зрната од вреќата, и се прикотви тука.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ред е да се јавиме, да се развеселиме, гордо да наздравиме, пред да се разделиме: „Се здружиле сон и јаве- еден момчак станал славен!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А момчакот тогаш рекол: „Не сум зрно од бел пилав, ни некакво тровче меко, волшебничка имам сила...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога Влаинката ја соопшти нажалено веста дека сепак не успеала да најде ни млеко, ни бибер, иако имала богати комшии, Марин Крусиќ извади некакво кесе со темно-кафени зрна од торбата и, со кралско движење на голем занесеник, објави дека им носи кафе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
-На човека му е потребно зрно од мудроста, за да може тоа да се оплоди.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Па од стожерот до крајот на гумното - Ди! Ај! - Ди! Ај!... Врз снопјето постлано копитата удираат за да го одвојат зрното од плевата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)