ЛУИС КАРЛОС ЛОПЕЗ: РАЗГАЗЕНИТЕ ЧЕВЛИ НА ЉУБОВТА На тврдината Сан Фелипе знамето се вее, си врват дните.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Построена на полјанката пред логорот, околу висок јарбол, бригадата му оддаваше почест на знамето се развеа понесено од лесниот утрински ветрец.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И спијат децата и сонуваат: стобојни знамиња се веат и стобројни луѓе во олимписки труби дуваат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Мајка се сепна. Значи знамињата, знамињата се вееле во Татковата свест. Ништо не рече.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Велам: прашајте од која страна на времето отидоа и какво знаме се вее врз коските на татковците ваши...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)