знак (имн.) - од (предл.)

Се адаптираше на секакви очила, но многу знаци од сиџилите не можеше да ги види. Се служеше и со разни лупи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Токму иконичката сличност на знаците од системот на писмо со прикажаните објекти го карактеризира системот на писмо како пиктографски или иконички систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Знаците на писмото од идеографскиот систем графички може да наликуваат на предмети од реалниот свет, со кои тие корелираат благодарение на нивната врска со соодветните поими.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Проклет да бидам, на знакот од Оливера Срезоска, без збор се стрчаа која пред која, нешто да не закаснат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако сакаш да знаеш, до последен збор ги дешифрирав знаците од играта на твоите прсти по моето рамо. Мислам на знаците од пред малку.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)