Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
9.5 Лута змија Во книгата се таи. Ќе ја поткрене ли како камен? Ќе ја надитри ли со студот свој?
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
А што ако самиот Црн Господар ме мами, па сè ова е само сон, а девојката ламјина ќерка со три змии во срцето што по полноќ ќе доползат до мене, заспаниот љубовник, и отруен ќе ме вратат на јавето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За да ја опушти состојбата, Ѓорѓе на кого секогаш му стоеше „змијата во џебот“, овојпат порача вино, а во менито прстот го стави на мешаната скара.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И старата црква почиваше во мир и благодет, под закрила на обезбедувањето „КОБРА“ чиј натпис, на главната порта, беше дополнет со цртеж на змија во напад.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
А двајцата со змии во паричниците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој само фрчи со носот и гази клапчиња змии во водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се турка и се провира ко змија во трева...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Профима како да го касна змивче в срце.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Змија На долниот дел, каде што се протегаше големата смиреност на вода, двајцата истовремено забележаа шарена долга змија во водата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ете на тој вис дојдовме. Живееме ко змијата во трнот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пред нас скокаат жаби и водни змии во реката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)