Змијата е убава, иако носи отров во себе –одговори старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со исклучок на ова, змијата изгледаше како да не е жива, нешто за кое Милан сметаше дека било причината зошто Рози не можела да поверува дека змијата е вистинска кога ја видела прв пат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Змијата е како леунките. Ќе ѝ стежне млекото, ќе побрза некого да подои. - Реков - не трескај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И не трескај. Уште не се стоплило за да излезат змиите од под камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А многу се плашев. Признавам. Змија е зимата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)