Со ваквата законска резерва се остава широка можност за злоупотреба во праксата, каде работодавачот искористувајќи ја својата надмоќна позиција во однос на работникот, преку разни закани и притисоци ќе издејствува да ја добие оваа „согласност“ на работникот; г) до терминолошка измена дојде кај дополнителното работење со промената на нејасниот, конфузен и терминолошки недоследен „договор за вработување со скратено работно време“ со поприфатливиот „договор за вработување со неполно работно време“ (part-time job) (чл. 24 од ЗИДЗРО/фев.13);29 д) во сферата на прераспределбата на работното време кон чл. 124, кој ја регулира оваа материја, беа додадени нови четири става кои нормираа дека при прераспределба на работното време кај сезонската работа, тоа не може да биде подолго од 12 часа дневно или 55 часа неделно, за време не подолго од четири месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
3. Најчестата злоупотреба во сферата на трудовото право кај нас е тоа што огромен број лица кои de facto се „работници“ de iure немаат склучено договор за вработување (кој е регулиран во ЗРО) туку ваков договор за дело (кој, пак, е регулиран во ЗОО) – па, бидејќи тоа им е поевтина варијанта на работодавачите, овие т.н. „хонорарци“ не ги уживаат правата кои би ги имале како „вработени“ лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Да има завршено најмалку средно образование, односно средно образование од техничка насока за вршење на техничко обезбедување;
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Да е државјанин на РМ; 2. Да има живеалиште во РМ; 3. Со правосилна пресуда да не му е изречена казна, односно прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност додека трае таквата мерка;
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)