зима (имн.) - веќе (прил.)

Кога веќе мислев дека тој разговор е завршен, пак го слушнав гласот на тетка Рајна: - Еве другава зима веќе е на прагот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дојде свети Атанас, помина прочка, настапи великиот пост, кога и зимата веќе се спрема за одење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зимуваа далеку на југ и се враќаа ваму дури во пролет, кога зимата веќе побегнала на север.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)