Го знајте, зет му на дедот Ѓура. Токо, јас се плаша дали ќе кандиса, сирома, оти децата му се ошче малечки, та може човекот ќе бара некоа сиромашка, да се прежени, а канонот црквени не дава преженет човек да застане на алтарот и да служи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кулата од Јована Сивев светеше и на чардакот седеа околу масата чорбаџијата Сиве, шура му Тоше Нале, зет му Митре Најдов, даскалот Димо Гулушов, битолскиот чорбаџија Данабаш и стариот Арсланбеј мудурот од Витолиште, со еден заптија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мирко: Сѐ додека зет му не ја приватизира армијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Четвртиот ден дојдоа и работниците. Двајцата, Вангел Борисоски и зет му Пандил, беа наши луѓе од Пустенец, село до езерото, отаде албанската граница.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оние други сто биле на зет му од ќерка му Менка и тие коњи од практични причини ги чувале во ист обор заедно со неговите и често ги користеле во заеднички работи, формирање заеднички карвани и слично.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Биле уапсени, обвинети како соучесници во атентатите и доведени во Солун над 20 души, меѓу нив: Ѓошо Попјорданов - татко на Орце, Петар Попјорданов - брат на Ѓошо, Иван, Илија и Гиго Попјорданови - синови на Петар, Илија Малинкин, Алексо Минов (Канино), Лазо и Никола Органџиеви, брат му на Тодор Органџиев - Ѓошо, зет му Тодор Ванов, Иван Бошков, Ангеле Кирков, Диме Ничев, Гиго Шарлаганџијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го почитуваше, се сметаше за негов должник од времето на својата свадба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Раскажуваа дека Неделко Шијак му се пожалил со влажни очи - синовите ќе го остават без каменен крст кога ќе сконча, и зетот му ветил со клетва дека самиот ќе изделка крст поголем и од игуменските во дворот на манастирот Свети Никита, на крстот ископано име со букви - овде лежи божиот човек Неделко Шијак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И учинил зета си да е цар, и по негово умирање зет му да царуе.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)