Тогаш ќе излезат од оваа земјанка во којa воздухот е тежок од гнилежот на лисјето и папратот, од војничките цокули, непраните алишта и немиените тела.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Над ридот полнатa месечина загледува во рововите, бункерите и земјанките во кои расцутува младоста на овие седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет и дваесетгодишни момчиња и моми... кои растат и созреваат во долгите ноќни маршеви под дожд и снег, во мракот на густите магли, во студените и влажни земјанки, меѓу карпите и камењето, во рововите и бункерите, во непрестајните борби во кои од студенилото и вжештената цевка на оружјето, ја изгубија нежноста и топлината на дланките... Ех, анасана!...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)